Италијанскиот калчолигаш Јувентус планира инвестиции за зимскиот преоден рок, а голема желба на Игор Тудор е Рафаел Гереиpо.
Според „Билд“, Јувентус покажува сериозен интерес за 31-годишниот лев бек и ќе се обиде да го доведе веќе во зимскиот преоден рок.
Португалецот е во последната година од договорот во Минхен и нема знаци дека Баерн ќе му понуди продолжување на соработката. Гереиpо дојде во Баерн како слободен играч по истекот на договорот со Борусија Дортмунд летото 2023 година и до оваа сезона беше редовен првотимец.
Сепак, оваа сезона нема голема минутажа, во Бундеслигата одигра само четири натпревари и на теренот беше само 70 минути. Доби шанса против Пафос во Лигата на шампионите, каде што постигна гол, но тренерот Венсан Компани на тој меч ротираше поголем дел од првотимците.
Што се однесува до Јувентус, на оваа позиција е стандарден Андреа Камбијасо. Гереиро треба да биде негова поддршка на левата бековска позиција.