Јувентус ќе заштеди 30 милиони евра со раскинот на договорот со Погба

Пол Погба ќе се врати на фудбалот во март следната година, откако му беше намалена казната од четиригодишна суспензија поради користење допинг. Како слободен играч, тој ќе може да се приклучи на нов клуб во јануари и да започне со тренинзи.

Францускиот играч за врска беше суспендиран на крајот од минатата сезона, бидејќи тестот направен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажа зголемено ниво на тестостерон.


Погба размислуваше да ја заврши својата кариера, во која настапуваше само за два клуба, Манчестер јунајтед и Јувентус. Сепак, на крајот жалбата му беше прифатена и тој ќе се врати релативно брзо, со оглед на првичната суспензија.

Погба се врати во Јувентус во 2022 година и потпиша четиригодишен договор вреден осум милиони евра годишно. Откако беше суспендиран, неговата плата беше намалена на само 2.000 евра месечно, што му ја исплаќа Јувентус. Сепак, Погба изрази желба да се врати во клубот.

Во Јувентус повеќе не го гледаат Погба во своите планови и очекуваат дека ќе постигнат договор за спогодбено раскинување на договорот. Со тоа, клубот ќе заштеди околу 30 милиони евра, вклучувајќи ги средствата што треба да му ги исплатат и бонусите кои беа договорени до летото 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести