Јувентус и Каљари одиграа 1-1 во меч од италијанската Серија А на кој двата гола беа постигнати од пенал.
Старата дама поведе во 15-та минута со гол на Душан Влаховиќ кој погодокот му го посвети на повредениот соиграч Бремер.
Но, Јуве не победи и за првпат сезонава, дури во седмото коло, за првпат прими гол. Разман Марин погоди од белата точка во 88-ма минута за шок на стадионот во Торино.
Една минита подоцна Консеисао доби втор жолт картон, а малку фалеше гостите од Сардинија да ги освојат и сите три бода, во 95-та минута имаа голема шанса, но топката се одби ос стативата.