Јувентус летово ќе го продава Кристијано Роналдо?!

Управата на Јувентус ќе има состанок со својата главна ѕвезда, Кристијано Роналдо, околу иднината на Португалецот во клубот, и не е исклучено летово Јуве да го продаде најдобриот фудбалер.

Роналдо има веќе 36 години, но и покрај тоа, најдобар стрелец е во екипата. Сепак, Јуве кога го купи најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, веруваше дека со него ќе ја освојат Европа, но не е така. Старата дама со Роналдо во составот, нема стигнато ниту до полуфинале, камоли да ја освои ЛШ.

Пандемијата ги го зема данокот, и без приходи од продажба на билети, намалена продажба на дресови, и помалку од планираните приходи од УЕФА поради неуспесите во ЛШ, во Јувентус проблем им е огромната плата на Роналдо, со кого имаат договор до крајот на јуни 2022 година. Во италијанските медиуми има многу критики за Роналдо, тој во осминафиналето со Порто не даде гол и беше прогласен за виновник за вториот примен гол.

Јувентус сака да го подмлади составот, Кулушевски, Кјеза, Де Лихт, Меккени, и останатите помлади да бидат носители, па не се исклучува да го продадат Роналдо. Доколку си замине од Јуве, Кристијано би можел да замине во Интер Мајами, но има и големи европски клубови кои би го посакале во своите редови и би биле подготвени да му дадат плата каква што бара (чисти 30 милиони евра годишно).

- Оглас -

Најнови вести