Најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, викендов продолжува со седмото коло. Интересни средби од најквалитетните првенства во Европа се дел од понудата, а веќе се познати и најголемите фаворити според играчите.
Јувентус, Ливерпул и Интер според процентот се сигуриците за викендов што доаѓа. „Старата дама“ на домашен терен го пречекува Лацио, а дури 81.59% од играчите веруваат во избраниците на Тијаго Мота. Интер е најголемиот фаворит од гостинските екипи со 60.93% за победа, а премиерлигашкото дерби според играчите на Спортската прогноза ќе му припадне на Ливерпул. 71.50% од типувачите веруваат во „црвените“, а само 9.38% предност му даваат на Челзи.
Речиси половина од играчите, односно 49.76% сметаат дека на дуелот од француското првенство помеѓу Нант и Ница нема да има победник.
Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.