1172 Манчестер ј. – Ипсвич (20.30 часот)
Црвените ѓаволи се само три позиции над Ипсвич на табелата, но разликата меѓу нив е 13 бода и на големиот Манчестер не му се заканува опасност од испаѓање. Јунајтед освои само еден бод во претходните три кола и ова им е добра шанса да победат. Ипсвич освои само еден бод на последните шест меча. Ипсвич нема дадено гол на последните пет гостувања на „Олд Трафорд“ во сите натпреварувања, па и традицијата најавува победа за домашните кои се големи фаворити на хартија. Есеноска во Ипсвич беше 1-1.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.40)
1173 Тотенхем – Манчестер с. (20.30 часот)
Лондонските Петли се во налет, имаат серија од три победи по ред, а Сити глава не може да крене од проблеми, имаат повредени играчи, беа надиграни од Реал и Ливерпул и повторно имаат тежок меч со незгоден противник од кој губеле и кога биле најсилни. Тотенхем е втор, а Сити трет најефикасен тим во Премиер лигата. Ова се екипи кои ретко играат нерешено. Во ноември на „Етихад“, Тотенхем ги понижи Граѓаните со 4-0, но Сити лани во мај победи со 2-0 на своето последно гостување во Лондон.
Предлог тип: ГГ & 2+II (1.72)
3032 Јувентус – Емполи (21.00 часот)
Ова е дуел од четвртфиналето на Купот на Италија и Јуве, кој е бранител на трофејот, нема право на грешка. Купот им е единствена шанса на Бјанконерите да освојат нешто. Се игра еден меч, нема реванш, а подобриот оди во полуфинале против Болоња. Емполи е во очајна форма во првенството, каде што има четири порази по ред. На почетокот на месецов во лигашки меч Старата дама го совлада Емполи со 4-1, иако до 60-тата минута гостите водеа со 1-0.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.94)
1174 Ливерпул – Њукасл (21.15)
Лидерот на Премиер лигата по големата победа на гости кај актуелниот првак Манчестер сити пак има работа со тим кој се бори за место во ЛШ, на кој му бега со 20 бода. Њукасл во последните четири кола има две победи и два пораза. Црвените сигурно одат кон титула, евентуален пораз ништо не би сменило, но целта им е што побрзо да ја минат целната линија. Во декември во Њукасл беше 3-3, а шест гола паднаа и кога овие екипи последен пат се сретнаа на „Енфилд“, тогаш беше 4-2. Чавките 31 година не победиле на гости кај Ливерпул.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.96)
1324 Реал Сосиедад – Реал Мадрид (21.30 часот)
Ова е прв меч на овие екипи од полуфиналето на шпанскиот куп, реваншот е на први април во Мадрид и тогаш ќе падне одлуката за патникот во финалето. Гостите се фаворити на хартија, но Сосиедад е во добра форма, игра многу ефикасно на свој терен во последно време и може да ги загрози Белите. Реал Мадрид ќе настапи со комбиниран состав, но не значи дека нема да одат на победа. Нивните последни пет дуели во Сан Себастијан беа „тенки“, со 0-2 гола.
Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.92)