Јувентус многу лесно може да ќари 32 милиони евра од Атлетико

Нико Гонзалес во септември замина од Јувентус за да го облече дресот на Атлетико Мадрид како позајмен играч до крајот на сезоната. За ваквиот договор Јувентус заработи еден милион евра, плус уште еден милион евра од договорените бонуси.

Според договорот, Атлетико Мадрид има опција да го откупи договорот на Нико Гонзалес за 32 милиони евра на крајот од сезоната, но треба да се исполнат одредени услови, кои многу лесно би може да се исполнат посебно ако се знае дека Аргентинецот игра во одлична форма.

Атлетико Мадрид синоќа на свој терен со 3:2 го победи Реал Сосиедад, а токму Нико беше херојот на средбата. Аргентинецот во игра влезе во второто полувреме при резултат 1:1. Нико даде гол за 2:1, но гостите израмнија на 2:2. Сепак, во 81 минута повторно Нико Гонзалес погоди за 3:2 и Атлетико ги освои трите бода со кои се зацврсти на третото место на табелата во шпанското првенство.

Мадридскиот гигант ќе го откупи неговиот договор ако Гонзалез достигне 60% од настапите во Ла Лига, играјќи најмалку 45 минути по натпревар, што е еквивалентно на 21 квалификациски настап во текот на сезоната. Тој досега одигра вкупно 18 натпревари во Ла Лига и 26 во сите натпреварувања. Со единаесет преостанати натпревари оваа сезона, му требаат уште осум натпревари за да ја исполни својата обврска, што изгледа многу остварливо со оглед на неговата подобрена форма.

- Оглас -

Најнови вести