36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Јувентус може да бира кога ќе ја слави титулата

Екипата на Јувентус се наоѓа на еден бод од освојување на нова шампионска титула во италијанската Серија А. На седум кола до крајот, предноста во однос на Наполи е 20 бода и по сè изгледа тимот од Торино веќе наредниот викенд ќе го обезбеди своето ново Скудето.

Математиката е јасна. Бидејќи „старата дама“ е подобра од Наполи и во меѓусебните дуели, на Јуве на гостувањето кај СПАЛ во Ферара следната сабота од 15 часот доволен ќе му биде и еден бод, а дури и со пораз може да стане првак во недела вечерта. Комбинацијата од пораз на Јуве и кикс на Наполи (пораз или нерешено) против Киево исттака значи титула за составот на тренерот Масимилијано Алегри.

Јуве нема да биде првак следниот викенд само ако загуби од СПАЛ, а Наполи го совлада Киево. Сите други комбинации се добитни за „бјанконерите“. Ако се случи чудо и Јувентус не ја освои титулата во следното коло, тогаш му останува колото по две недели, кога на свој терен игра со Фиорентина, па пред своите фанови да го прослави трофејот.

- Оглас -

Најнови вести