Арсенал неодамна ги прекина преговорите со Пјер-Емерик Обамејанг околу евентуалниот нов договор на голгетерот со Топчиите. Договорот на Обамејанг е до јуни 2021 година, а играчот најави дека е подготвен за нов предизвик.
„Ова може да биде пресвртница во мојата кариера. Одлуката ќе биде тешка, можеби најважната одлука во мојата кариера. Ќе видиме што ќе се случи“, неодамна рече Обамејанг.
Според „Трансфермаркет“, вредноста на искусниот 31-годишен напаѓач е 60 милиони евра, но можно е да го продаде за многу помала сума. Како прв фаворит за доведување на Обамејанг се спомнуваше Интер, но сега Јувентус влегува во трка за овој играч.
Старата дама често знае да искористи ситуација кога играчите треба да си заминат, па тие да ги добијат за без пари или за многу понисна вредност од реалната на пазарот. Таква беше ситуацијата со Арон Рамзи, кој токму од Арсенал си замина како слободен играч и дојде во Јувентус. Од Арсенал се плашат тоа да не им се случи и со Обамејанг, па можно е да го продадат за 30 милиони евра.
Обамејанг во 2018 година дојде во Арсенал кога Топчиите ѝ платија 64 милиони на Борусија Дортмунд. Иако сезонава не игра според очекувањата, голгетерот постигна 20 погодоци во 35 натпревари во сите конкуренции.