Италијанскиот првак Јувентус во своите редови ќе го задржи напаѓачот Марио Манџукиќ. Како што пренесува „Тутоспорт“, Хрватот ќе потпише нов договор кој ќе го обврзе да остане во Торино до 2021 година. Официјално новиот договор треба да биде потврден на 12 март, кога Јувентус ќе биде фокусиран на реванш мечот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Актуелниот договор на напаѓачот со најтрофејниот италијански клуб е до 2020 година.
За двете сезони во Јувентус, Манџукиќ ќе заработи по 4,5 милиони евра, плус бонусите. Сезонава тој одигра 27 меча во кои даде девет гола, а има и шест асистенции. Тој е во клубот од 2015 година.
Јувентус вечерва на свој терен игра против Удинезе во Серија А, како би имал повеќе време да се подготви за реваншот против Атлетико Мадрид. „Старата дама“ само формално треба да го одбрани тронот во италијанското првенство, но кога се работи за ЛШ, ќе има тешка задача да надополни два гола негатива против шпанскиот тим од Мадрид.