Порто се согласи да го продаде Франсиско Консеисао (22) на Јувентус за 32 милиони евра, под услови што вклучуваат четири рати од по 8 милиони евра, што е повеќе од откупната клаузула од 30 милиони евра. Клубот беше под притисок да го склучи договорот пред полноќ бидејќи потоа клаузулата ќе се зголеми на 45 милиони евра.
И покрај ова, Јувентус формално нема да ја активира клаузулата бидејќи тоа би барало еднократно плаќање на целиот износ. Наместо тоа, Порто прифати понуда за исплата на 32 милиони евра на четири рати.
Ова исто така значеше дека Консеисао мораше да даде писмена согласност да се откаже од своите 20 проценти од надоместокот за трансфер на кој ќе имаше право доколку трансферот не се реализираше преку клаузулата.
Утрово се појави информација дека тој се согласил да земе само половина од таа сума, или три милиони наместо шест милиони евра. Консеисао пристигна во Јувентус минатото лето на едногодишна позајмица што го чинеше клубот од Торино 10 милиони евра, без опција за откуп на договорот.
Иако некои други клубови понудија поголема сума од Јувентус, Консесао инсистираше да остане во Торино и да ја продолжи кариерата во тој клуб. Со ова се исполни големата желба на тренерот Игор Тудор, кој има високо мислење за Португалецот.