Јувентус му подари дрес на навивачот кој има 100 години, а уште доаѓа на стадион

Италијанскиот првак Јувентус има милиони навивачи низ целиот свет. Еден од многуте е и Силвио Фасон, кој сепак е уникатен по едно нешто. Тој е 100-годишен дедо кој уште оди на стадионот во Торино и го бодри својот омилен клуб.

Дека Старата дама знае како да ги испочитува своите најверни фанови, покажа и пред мечот со Бреша. Најстариот навивач кој беше на трибините да го бодри шампионот беше Силвио, кој доби дрес со бројката 100. Покрај дресот со бројот 100, играчите на Јувентус го израдуваа својот најстар навивач и со победа од 2:0 и повторно преземање на првото место во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести