Јувентус му понуди три милиони евра на чудото од дете од Салцбург

Ерлинг Халанд е името на фудбалерот кој сезонава покажа голку голем талент е. Тинејџерот од Салцбург игра одлично, а тоа не остана незабележано од големите европски клубови. Напаѓачот кој има само 19 години, сезонава одигра 21 меч во сите натпреварувања, а даде 28 погодоци. Дури и во Лигата на шампиони поставува рекорди за кои сонувале играчи и како Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Салцбург проценува дека вредноста на удбалерот е околу 100 милиони евра. Сепак, ако се случи зимоска Халанд да си замине, откупната клаузула ќе му изнесува само 20 милиони евра. Токму затоа, Јувентус реши прв да реагира и да даде понуда за големиот талент.

Старата дама е подготвена да му понуди договор на Халанд вреден три милиони евра по сезона, плус бонусите. Сигурно дека за Јувентус нема да биде проблем да плати 20 милиони евра, но прашање е дали Халанд би прифатил ваква плата од италијанскиот првак, или ќе се појави друг гигант со подобри услови за играчот.

 

- Оглас -

Најнови вести