Јувентус му верува на Спалети и ќе му даде нов договор, се подготвуваат и засилувања од Баерн и Марсеј

Челниците на италијанскиот гигант Јувентус и тренерот Лучано Спалети се на чекор од постигнување договор за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Спалети е до крајот на тековната сезона, но многу веројатно е дека стратегот ќе остане на клупата на тимот од Торино и во следната сезона, односно дека договорот ќе биде продолжен за 12 месеци.

Иако Јувентус нема забележителна сезона затоа што тимот е далеку од трката за титулата во Серија А, а од Лигата на шампионите беше елиминиран од Галатасарај, најавите се дека Старата дама ќе го задржи кормиларот.

Јувентус моментално е на петтото место на табелата со 53 бода, само еден помалку од четвртопласираниот Комо. Главната цел на Старата дама до крајот на сезоната е да биде во Топ 4 на табелата и да обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Тимот од Торино веќе ги планира активностите за летниот преоден рок, а две имиња се појавуваат како најпосакувани засилувања. Едното е германскиот репрезентативец Леон Горецка, кој го напушта Баерн Минхен налето. Јувентус исто така сака да го засили својот состав со ѕвездата на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд, кој сепак нема да биде евтин и ќе чини најмалку 50 милиони евра. Секако, вакви засилувања ќе бидат можни само ако тимот се квалификува за Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести