Јувентус на Тијаго Мота немаше милост кон новиот калчолигаш Комо (Видео)

Тијаго Мота стартуваше со успех на клупата на Јувентус. Во премиерниот меч во Серија А како тренер на Старата дама, неговиот тим оствари убедлив триумф (3-0) против новиот калчолигаш Комо.

Младиот напаѓач Самуел Мбангула во 23-тата минута донесе предност за Јувентус, а Тимоти Веа се погрижи да го удвои водството непосредно пред одморот.

Во вториот дел погоди и Андреа Камбијасо во 91-вата минута и Јуве тргна победнички во новата сезона во Италија.

- Оглас -

Најнови вести