Интер имаше шест победи во првите шест меча од италијанското првенство, но потоа дојде дуелот против Јувентус. Старата дама играше на гости во Милано, но и тоа не ѝ пречеше за да стигне до победа против големиот ривал.
Со оваа победа Јувентус само потврди зошто е доминантен во Серија А речиси една деценија, а Интер заборави како е да се освојува титула бидејќи последната ја има освоено во 2010 година, кога во тимот беше и Горан Пандев. Освен што победи на „Џузепе Меаца“, Јувентус го презеде и лидерското место на табелата во првенството.
Гигантот од Торино знаеше и на социјалните мрежи како да го „боцне“ Интер за победата од 2:1. На на твитер-профилот на Јувентус се појави пост на којшто пишуваше „Опс, повторно го направивме тоа“, мислејќи се на победата против Интер.