Јувентус најде замена за Кјелини во Белград

Јувентус најде замена за Џорџо Кјелини во Белград, а нов член на Старата дама е 18-годишниот стопер на Партизан, Страхиња Павловиќ.

Договорот е на пет години и вреди 5 милиони евра со можност да има и бонуси во висина од 2 милиони евра.

Павловиќ е еден од најталентираните играчи во Србија, а долгорочно во Јувентус планираат тој да биде замена за Кјелини и да игра во тандем со Даниеле Ругани, кој е шест години постар.

Сезонава талентираниот стопер одигра 15 натпревари за Партизан, што беше доволно да го привлече вниманието на Јувентус и да се пресели во Торино.

 

- Оглас -

Најнови вести