Јувентус налето ќе го продаде Влаховиќ, но ќе загуби преку 30 милиони евра

Со доаѓањето на Рандал Коло Муани од ПСЖ во Јувентус, српскиот напаѓач Душан Влаховиќ падна во втор план и повеќе ја грее клупата, отколку што игра. Коло Муани имаше старт од соништата и на првите три меча постигна пет гола, па целта на раководството на „старата дама“ е налето да го откупи неговиот договор од ПСЖ, а планот е да се ослободи од Србинот.

За Влаховиќ има интерес од Арсенал и Манчестер јунајтед, па Јувентус се надева дека за него може да добие околу 50 милиони евра, што би било далеку од 83.5 милиони евра за колку што го купија од Фиорентина пред точно три години. Договорото на српскиот репрезентативец завршува летото 2026 година, па и тоа е една од причините за неговата продажба.

Освен Коло Муани, Јувентус се надева дека налето ќе успее да го ангажира и Виктор Осимен, на кого ќе му заврши позајмицата во Галатасарај, а во Наполи не сметаат на неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести