Јувентус и Болоња одиграа 2-2 во натпревар од италијанската Серија А по кој Старата дама од Торино останува единствен непоразен тим после 15 кола, но за Јуве ова е дури деветто реми сезонава, покрај шесте победи, и затоа во моментов не е кандидат во трка за титулата.
Болоња која не славела против Јуве уште од 2011 година, вечерва беше на прагот на победа, водеше со 2-0, но Јуве се извлече со голови на Копмајнерс (негов прв во дресот на Бјанконерите) на половина час до крајот и Мбангула во судиското продолжение, поточно 92-ра минута.
Претходно Мбангула беше во центарот на вниманието при еден спорен момент кога не беше досуден пенал врз него.