Јувентус не го победи Лече поради новиот кикс на Де Лихт

Јувентус не ја оправда улогата на фаворит и одигра само 1:1 против Лече во меч од 9. коло на Серија А. Актуелниот италијански првак сега има 23 бодови, но може да ја загуби лидерската позиција, ако Интер ја победи Парма.

Старата дама напаѓаше, имаше повеќе шанси, но на крајот мораше да се задоволи само со еден освоен бод. По прегледување на една спорна ситуација, ВАР системот покажа дека треба да има пенал за Јувентус во 50 минута. Во отсуство на Кристијано Роналдо, сигурен реализатор беше Паоло Дибала.

Радоста на гостите сепак не траеше долго. Пет минути подоцна Матијс де Лихт невнимателно реагираше во шеснаесетникот на гостите, топката го удри во рака и судијата покажа пенал, но овојпат за Лече, а сигурен реализатор беше Манкосу. На крајот, двете екипи погодија по еднаш од пенал и освоија по еден бод.

 

 

- Оглас -

Најнови вести