Фудбалерите на Јувентус само три дена откако загубија од Лацио во Серија А, вечерва се поправија пред своите гледачи и направија голем исчекор кон пласман во финалето на Купот на Италија.
Старата дама во првиот полуфинален меч против Лацио на „Алијанц арената“ во Торино славеше со 2:0 и ја прекина серијата од четири меча без победа.
Јувентус победата ја обезбеди во второто полувреме, прво Федерико Кјеза во 50-тата минута го отвори резултатот, а 14 минути подоцна и Душан Влаховиќ се запиша во листата на стрелци. Реваншот по кој ќе биде познат финалистот, ќе се игра на 23 април на „Олимпико“.