Јувентус не можеше да се соземе од шокот и на крај не победи (Видео)

Јувентус и Верона ремизираа 1:1 на меч одигран во Торино, резултат кој е можеби и најголемо изненадување во досегашниот дел од Серија А. Италијанскиот првак се мачеше и на крајот не успеа да го скрши отпорот на опасниот гостин.

Верона во Торино дојде како тим со најдобра одбрана и само еден примен гол во претходните четири средби. Старата дама во првото полувреме се мачеше и речиси да не создаде опасна ситуација за гол, во второто полувреме Јувентус беше шокиран во 60-тата минута.

Андреа Фавили, кој влезе како резерва, погоди за водство на Верона. Фавили на теренот помина само седум минути и е првиот фудбалер кој влегол како резерва, постигнал гол и бил заменет за помалку од 10 минути во последниве 25 години во Серија А.

Јувентус тргна во напад и со голот на Дејан Кулушевски успеа да израмни во 77-мата минута.

 

До крајот на мечот, домаќините имаа целосна офанзива, но никако не успеаја по вторпат да го матираат гостинскиот голман. На крајот, Верона за првпат по 32 години остана непоразена на гостински терен кај Јувентус.

За италијанскиот првак ова е веќе трет нерешен резултат во првите пет кола од новата сезона во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести