Јувентус не победи ниту еднаш во мај

И Сампдорија се запиша во листата на екипи кои сезонава го победиле италијанскиот шампион Јувентус. „Блучеркатите“ од Џенова славеа со 2-0, откако дадоа два гола во финишот.

Грег Дефрел погоди во 84 минута, негов 11-ти погодок сезонава, а четири минути порано, на Јуве, поточно на младиот Моизе Кен, му беше поништен гол. Точка стави Капрари од слободен удар во 91 минута.

Јувентус заврши со 11 бода предност пред вториот Наполи, иако гигантот од Торино последната победа во Серија А ја извојува на 20 април, и во последните пет кола имаше три нерешени и два порази.

- Оглас -

Најнови вести