Јувентус нема милост кон две ѕвезди, ги исфрли од тимот

Италијанскиот гигант Јувентус уште го нема комплетирано тимот во пресрет на новата сезона. Старата дама планира да доведе уште тројца играчи по еден на секоја од главните линии (дефанзива, среден ред и напад).

И додека се чекаат новите играчи, новиот тренер Мота и директорот Џунтоли прават план како две големи имиња да бидат во аут од составот за новата сезона. Италијанскиот репрезентативец Федерико Кијеза се очекува да биде продаден до крајот на овој преоден рок, па затоа и го нема на списокот на играчи за пријателскиот меч против Брест.

Се очекува во новата сезона да нема место ниту за Тијаго Џало. Португалецот кој дојде од екипата на Лил минатата зима, не се снајде најдобро и не избори место во стартниот тим, па се очекува да биде даден на позајмица.

Јувентус се надева дека во сезоната која што доаѓа, ќе има тим кој ќе биде конкурентен да му парира на Интер во трката за титулата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести