Јуветус сезонава има уникатни резултати. Најтрофејниот клуб во Серија А синоќа одигра 1:1 на гости во Бергамо против Аталанта, во меч на којшто имаше водство, но на крајот мораше да се задоволи само со еден освоен бод.
Тоа беше дури 13-то реми за Јувентус во 20 одиграни кола, во кои има и седум победи, а уште нема ниту еден пораз. Ниту еден друг клуб во Серија А сезонава не може да се пофали дека е без пораз. Гигантот од Торино ако нема ниту еден пораз, сепак е многу далеку од трката за трофејот затоа што веќе заостанува дури со 13 бода зад лидерот Наполи.
„Секако дека не сме задоволни со ремито затоа што ние секогаш се обидуваме да победиме. Овие момци даваат сè од себе на секој меч“, рече тренерот на Јувентус, Тијаго Мота.
Статистиката покажува дека Јувентус иако сезонава нема ниту еден пораз, по 20 кола има неверојатни 15 бода помалку од тоа што освоил минатата сезона во ист период. Во минатата сезона, Јувентус имал освоено 49 бода по 20 кола, а сега е само со 34 бода.
15 – #Juventus have earned 34 points after 20 #SerieA games this season, compared to 49 of the last season at the same stage; the -15 points difference is the worst among the sides present in both campaigns in the competition. Comparison.#AtalantaJuventus pic.twitter.com/Z7R4SXebKu
— OptaPaolo (@OptaPaolo) January 14, 2025