Јувентус нема проблеми со Порто, Старата дама оди на хет-трик

Јувентус оди на хет-трик против Порто во реванш мечот во Лигата на шампионите што ќе се игра вечерва од 21 часот на „Алијанц“ стадионот, во битката за пласман во четвртфиналето.

Првиот меч го добија Португалците, но според традицијата немаат шанси за успех и пласман понатаму. Јувентус досега двапати му беше домаќин на Порто и двапати победи со потребната разлика што и вечерва би го однела италијанскиот шампион меѓу осумтте најдобри екипи во Европа.

Во 2017 година со две победи, во Порто со 2:0 и во Торино со 1:0, Јувентус токму во оваа фаза, во осминафиналето, го елиминира Порто без примен гол.

Претходно популарните Змаеви гостуваа во Торино во 2001 година, а и тогаш загубија со 3:1.

Порто нема добар биланс и традиција против италијанските екипи и во вкупниот биланс има двојно повеќе порази, 8, од победи, 4, со три нерешени исходи.

Меѓусебниот биланс и со Јувентус им е негативен, со само една победа, таа пред 20 дена на „Драгао“ со 2:1, а имаат четири порази и едно реми.

На Јувентус му е доволна победа од 1:0, или секој триумф со два, или повеќе голови разлика. На Порто му одговараат и порази од еден гол разлика, но за елиминација на Старата дама во таков случај им треба да постигнат најмалку два гола.

 

- Оглас -

Најнови вести