34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Јувентус одигра само 2-2 со второлигаш, фановите разочарани од одбраната

Јувентус и второлигашот Реџана ремизираа 2-2 во подготвителен натпревар одигран на терен во тренинг центарот на Јуве во Торино.

Овој резултат разочара и разлути многу фанови на Старата дама, па по социјалните мрежи има и сеирџиски коментари од типот: „Добро е, барем не загубивме“.

Консеисао и Влаховиќ беа стрелци за Јуве, играше и засилувањето во нападот Канаѓанецот Давид, но одбраната потфрли, и тренерот Тудор во тој дел ќе треба повеќе да работи.

За Јуве ова беше прва контрола летово. Сега Бјанконерите заминуваат за Германија каде на 10-ти август ќе го одиграат својот втор пријателски натпревар, на гостински терен против Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести