Јувентус официјално се раздели со Квадрадо, Ванда најави враќање на Икарди во Италија

Хуан Квадрадо веќе не е член на Јувентус. Колумбиецот за Старата дама одигра 314 меча (даде 26 гола и имаше 59 асистенции), а за осумте сезони во црно-белиот дрес освои 11 трофеи.

Популарниот Панита играше на неколку различни позиции и внесуваше позитивна енергија во тимот, во Јуве велат им донел многу незаборавни моменти и му се заблагодарија за придонесот.

Од Италија доаѓа вест и дека Ванда Нара меѓу редови најавила дека нејзиниот сопруг Мауро Икарди ќе се врати во Серија А. Икарди од 2011 до 2020 играше во Италија, прво за Сампдорија, па за Интер, а сега фаворит за неговиот потпис е Милан.

„Не ме фаќа носталгија за животот во Италија, бидејќи знам дека ќе се вратиме таму, тоа е земјата во која секогаш ќе бидеме среќни. Имаме дом во Милано, тоа е место на кое секогаш сакаме да се враќаме“ – рече Ванда, која можеби на нејзиниот сопруг ќе му среди трансфер во Милан, кој бара напаѓач по пензионирањето на Златан Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести