Јувентус ослабен ќе се појави на „Џузепе Меаца“

Пауло Дибала и Арон Ремзи ќе го пропуштат вечерашното гостување на Јувентус кај Интер во рамките од првиот полуфинален меч во Купот на Италија.

Аргентинскиот офанзивец беше во трка со времето да закрепне од повредата на коленото која го мачи веќе две недели.

Андреа Пирло ќе мора да состави тим во кој ќе го нема Дибала, што воедно ќе ја отежни работата на Бјанконерите да му се реваншираат на тимот на Конте за поразот од 2-0 претрпен на 17 јануари во лигашкото дерби.

- Оглас -

Најнови вести