Србинот Душан Влаховиќ има мускулна повреда и нема да биде во составот на Јувентус в понеделник вечер на дуелот против Удинезе.
Влаховиќ беше прогласен за најдобар играч во Серија А во јануари, откако даде седум гол на последните седум меча, па неговото отсуство ќе биде хендикеп за тимот на тренерот Масимилијано Алегри.
Повредата ја здоби на дербито со Интер кога не даде гол, а денеска не тренираше и клубот не сака да ризикува, па Влаховиќ ќе го пропушти мечот со Удинезе.