Јувентус освои само бод против Болоња (Видео)

Фудбалерите на Болоња приредија изненадување во второто коло во Серија А останувајќи непоразени на гостувањето во Торино кај Јувентус играјќи 1:1.

Поблиску до победата беше Болоња која го отвори резултатот во 24-та минута со голот на Луис Фергусон.

https://twitter.com/i/status/1695857909123383416

Јувентус од пораз се спаси во 80-та минута благодарение на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ кој со глава го матираше голманот на Болоња, Скорупски.

И Фиорентина и Лече ги поделија бодовите играјќи 2:2. Фиорентина по првото полувреме водеше со 2:0 со головите на Гонзалез и Данкан, додека во вториот дел Лече израмни преку Рафиа и Крстовиќ.

- Оглас -

Најнови вести