Јувентус, Партизан и Никола Јокиќ се неделните „сигурици“

3630 Јувентус – Салернитана (Серија А Италија, 20:45 часот)

Стилот на Масимилијано Алегри не се смени и откако во клубот дојдоа играчи како Анхел ди Марија и Душан Влаховиќ, а тој е цврст фудбал со мал број на голови.

Салернитана минатата сезона беше вистински хит и успеа сензационално да обезбеди опстанок иако беше со „едната нога“ во Серија Б, а во оваа сезона игра над очекувањата и има една победа, три ремија и еден пораз.

Триумф на Јуве не би требало да дојде под знак прашалник, но и овојпат очекуваме мал број на голови.

Предлог тип: 1&0-3 (2.20)

3135 Партизан – Младост Лучани (Суперлига Србија, 19:30 часот)

Српскиот великан имаше катастрофален старт и се чинеше дека ја загуби трката со Црвена звезда, но токму ремито со вечниот ривал се чини дека ги разбуди играчите, кои што во последно време одиграа неколку добри средби.

Врзаа неколку убедливи победи и самодовербата и кај играчите и кај навивачите се врати, па така и денеска очекуваме ефикасен меч и убедлива победа.

На последните пет средби кога Партизан бил домаќин редовно паѓале три погодоци, а ние за оваа средба ќе додадеме и „кец во кец“.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.80)

8426 Никола Јокиќ (Србија – Италија Евробаскет, 18:00 часот)

Најдобриот српски кошаркар ќе ја поведе својата селекција во првиот меч од елиминациите на Евробаскетот, а противник ќе им биде Италија.

Јокиќ ќе ги презеде работите во своите раце и нема да дозволи изненадување од страна на „Аѕурите“ во походот на нашиот сосед кон титулата.

Границата од 22.5, како и квотата од 1.90 за плус изгледаат одлично, а уште подобра вест е дека се сметаат и поените вкучени и во евентуални продолженија.

Предлог тип: Никола Јокиќ >22.5 поени (1.87)

9322 Аризона кердиналс – Канзас сити чифс (НФЛ, 22:25)

Веќе се одигра еден натпревар од новата НФЛ сезона, а денеска на програмата е редовниот „Сандеј фудбал“.

Канзас ја има една од најдобрите офанзивни линии предводена од Патрик Махмос, но минатата сезона имаа голем број на проблеми со одбраната, а нешто слично се очекува да биде и оваа, особено е интересно да се види како ќе се вклопат новите играчи во првите средби.

Минатата година Канзас славеше токму како гостин и тоа со 17:10, а такво нешто очекуваме, и тоа со хендикеп и сега.

Предлог тип: 2 со хендикеп, – 5.5 (1.90)

1308 Бетис – Вилјареал (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)

Ова е можеби најинтересниот меч од осиромашената понуда од топ пет лигите за денеска. Покрај неиграњето на средби во Англија, најголемиот број на најдобрите клубови средбите ги одиграа вчера, поради тоа што веќе во вторник и среда не очекува нова програма од Лигата на шампионите.

И двете екипи се во добра форма и на последните пет средби, Бетис има само еден пораз и тоа од Реал Мадрид, додека Вилјареал одиграл само едно реми и тоа против Гетафе.

Кога ќе се погледне блиската историја, онаа во последните две години јасно е дека кгоа играат на „Бенито Виљарамин“ паѓаат од нула до два гола (0:2, 1:1, 0:2), а тоа сугерира и на што сакаме да одиграме.

Предлог тип: 0-2 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести