Јувентус налето планира да купи тројца фудбалери, но за нив ќе му требаат над 200 милиони евра

Јувентус под водство на Тијаго Мота потроши над 200 милиони евра за купување нови фудбалери, но резултатите изостанаа. Следуваше тренерска смена, а сега и нов план за трошење уште на 200 милиони евра.

Не е познато дали Игор Тудор ќе остане тренер и следната сезона, но веќе се размислува на новите засилувања. Раководството на Старата дама планира да ги купи Виктор Осимен од Наполи, кој игра како позајмен за Галатасарај, Адемола Лукман од Аталанта и Сандро Тонали од Њукасл.

За Осимен ќе треба да издвојат најмалку 75 милиони евра, цената на Лукман е околу 60 милиони евра, а Тонали би го добиле за 45 милиони евра.

Ваквите планови од раководството на клубот се отценети како мала реконструкција, со оглед на тоа дека не е планирано да си заминат поголем број фудбалери, а новите играчи би се ограничиле на овие тројца.

- Оглас -

Најнови вести