Јувентус победи со 8:0, а потоа хаос во Торино, навивачите втрчаа на терен и имаа едно важно барање (Видео)

Јувентус со убедливи 8:0 го победи својот младински тим на контролен меч одигран на „Алијанц арената“ во Торино. Одличен беше Кајо Жорже, кој постигна три гола, два пати погоди Душан Влаховиќ, а по еднаш погодуваа Кин, Милик и Хуијсен.

Покрај осумте гола, главната приказна на овој меч беше протестот на навивачите во текот на целиот меч. Фановите на Јувентус по ниедна цена не сакаат во нивниот омилен клуб да дојде Ромелу Лукаку. Белгискиот голгетер е еден од најомразените играчи кај фановите на Старата дама.

Од трибините на стадионот се слушаше скандирање „Не го сакаме Лукаку, не го сакаме Лукаку“, а фановите му дадоа поддршка на српскиот напаѓач на Јувентус, Душан Влаховиќ.

Влаховиќ им се заблагодари на навивачите за довербата со два гола.

https://twitter.com/i/status/1689326474434682898

По завршување на мечот, навивачите на Јувентус за да покажат дека се многу сериозни во намерата да го блокираат трансферот на Лукаку, успеаја да влезат на теренот и скандираа против Лукаку, кој е голема желба на тренерот Масимилијано Алегри.

 

- Оглас -

Најнови вести