Јувентус четири кола по ред немаше победа во Серија А, а денеска со 3-2 дома славеше против Фрозиноне, и тоа со погодок во 95-та минута.
Даниеле Ругани беше стрелец на победничкиот гол за Старата дама, која ги задржа теоретските шанси за титула во Серија А. Интер има шест бода повеќе од Јуве, а и два меча помалку, па разликата може да биде и над 10 бода кога Нераѕурите ќе ги одиграат тие заостанати средби.
Душан Влаховиќ даде два гола во спектакуларното прво полувреме во кое и гостите ги дадоа двата гола и тоа од само два шута кон противничкиот гол. Потоа имаше голема борба, а Ругани во последните секунди спречи ново непријатно изненадување за Бјанконерите.
https://twitter.com/i/status/1761744963388272716