Јувентус продолжува со одличните игри под водство на Спалети, па „старата дама“ по пауза од речиси 25 години победи на гости во Пиза. Автоголот на Калабреси во 73-тата минута го отвори резултатот и го донесе Јувентус во водство од 0-1, а точка на победата стави Јилдиз во 92-рата минута.
За Јувентус ова е прва победа во Пиза по јануари 1991 година, пред се бидејќи противникот играше во пониските лиги, но она што е значајно за навивачите на „старата дама“ е фактот дека играат се подобри, а одличните резутати ги искачија во самиот врв на табелата.
Екипата од Торино сега е на третата позиција со 32 бода, еден помалку од лидерот Интер, но и два натпревари повеќе.

