Јувентус остварил контакт со поранешниот играч и тренер на Барселона, Чави Ернандес, велат ексклузивните информации на францускиот „Л’Екип“. Како што пренесува изданието, претставници на Старата дама воделе неофицијални разговори со шпанскиот стратег, кој неодамна го прослави својот 45-ти роденден и во моментов е без тренерски ангажман.
„Л’Екип“ нагласува дека овие разговори не значат дека Чави веднаш ќе го замени сегашниот тренер Тијаго Мота. Јувентус, наводно, сака да ги задржи опциите за во иднина отворени, вклучувајќи контакти со други слободни тренери како Чави.
Сепак, ова може да биде индиректна порака за Мота, кој викендов го доживеа првиот пораз во Серија А во дербито со Наполи.
Тимот на Јувентус моментно се наоѓа на петтото место на табелата, со 13 ремија оваа сезона, поради што заостанува огромни 16 бода зад лидерот Наполи.