10.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Јувентус подготвува нов договор за Кенан Јилдиз, со кој ќе стане еден од најплатените играчи во тимот

Jувентус е подготвен сериозно да вложи во својата млада ѕвезда Кенан Јилдиз и ќе му понуди нов долгорочен договор што ќе го задржи во Торино најмалку до 2030 година. Со новата спогодба, турскиот офанзивец ќе добие и значително подобрени финансиски услови, со што клубот јасно ќе покаже колку смета на него во иднина.

И покрај тоа што актуелниот договор му истекува во 2029 година, раководството на Бјанконерите сака навреме да го обезбеди неговиот потпис, наградувајќи го за брзиот подем и одличните настапи во првиот тим. Откако се промовира меѓу сениорите во 2023 година, Јилдиз стана еден од најперспективните фудбалери во клубот и на радарот на неколку европски гиганти.

Во моментов младиот напаѓач заработува околу 1,7 милиони евра по сезона, сума што е далеку под платите на водечките играчи во екипата. Новиот договор, пак, би требало да му донесе годишни примања од околу 6 милиони евра, со можност во иднина да се вброи меѓу најплатените во тимот, особено ако клубот се раздели со Душан Влаховиќ во следниот летен преоден рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести