Арон Рeмзи уште пред неколку недели најави дека нема да го продолжи договорот со Арсенал и дека сака да ја смени средината. „Топчиите“ се надеваа дека ќе го убедат Рeмзи да го обнови договорот, но тоа не се случи. На крајот од сезоната, тој ќе биде слободен играч и без никаква оштета ќе може да си замине од лондонскиот тим.
Повеќе европски клубови се заинтересираа за доведување на Рeмзи. Интер, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен и Реал беа само дел од гигантите кои би го довеле Рeмзи. Сепак, според италијанските медиуми „Кориере дело Спорт“ и „Скај Спорт Италија“, Рeмзи веќе се одлучил за потпис со Јувентус.
Италијанскиот првак не жалел пари и му понудил договор според кој офанзивниот играч за врска ќе заработува по 10 милиони евра по сезона. Тимот од Торино се решил на олку висока плата бидејќи нема трошоци за откупување на договорот од Арсенал.