25.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Јувентус понуди само 10 милиони за Џејдон Санчо

Раководството на Јувентус продолжува интензивно да работи на евентуален трансфер на крилниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо. Старата дама веќе испратила прва официјална понуда, но истата е изненадувачки ниска, само 10 милиони евра, плус дополнителни бонуси.

Иако се очекува Јунајтед да ја одбие оваа почетна понуда, разговорите меѓу двата клуба продолжуваат веќе неколку недели, со надеж дека ќе се најде заедничко решение.

Јувентус не е подготвен да ја покрие високата плата на Санчо, но според информациите, двете страни се доближиле до компромис по сериозни преговори. Сепак, се појавија и нови информации дека самиот побарал 5 милиони фунти од Манчестер јунајтед како компензација за да ја прифати понудата од италијанскиот клуб.
Се верува дека оваа сума би ја покрила разликата во платата која би ја заработил доколку остане уште една година на „Олд Трафорд“ според важечкиот договор, во споредба со тоа што би земал како играч на Јувентус.

Разговорите продолжуваат, а Јувентус се чини дека е сè поблиску до ангажманот на Санчо.

- Оглас -

Најнови вести