Јувентус повторно ги разочара навивачите, Монако во судиското продолжение ги шокира Фармацевтите

Фудбалерите на Јувентус одиграа 1:1 против Нант во нокаут-фазата во Лигата на Европа и ги разочараа своите навивачи кои сè погласно негодуваат поради дефанзивниот стил на игра што го преферира Масимилијано Алегри.

Старата дама одлично го започна натпреварот и во 13-тата минута поведе со 1:0 со голот на Душан Влаховиќ.

Но, во вториот дел играчите на Нант тргнаа поофанизвно и 60-тата минута преку Лудовик Бијас успеаја да постигнат гол.

Најубедливата победа ја оствари Севилја, која до 3:0 со совлада ПСВ Ајндховен. Несири, Окампос и Гудељ постигнаа голови кои на шпанскиот тим му гарантираат мирен реванш во Холандија.

Спортинг во Лисабон со голот во третата минута од судиското продолжение благодарение на капитенот Себастијан Коатес се спаси од пораз и одигра 1:1 против Митлијанд.

Монако славеше на гостувањето кај Баер Леверкузен со 2:3, а победничкиот гол беше постигнат во третата минута од судиското продолжение. Херој на францускиот тим е Аксел Дисаси, кој го постигна голот за победа.

Претходно, Монако поведе во деветтата минута со автоголот на Храдецки, но Фармацевтите во вториот дел направија пресврт. Прво Муса Дијаби во 48-мата минута израмни на 1:1, а 11 минути подоцна Флоријан Вирц погоди за 2:1. Монако израмни со погодокот на Кристијан Матсима во 74-тата минута, а во последните моменти дојде и до победа.

- Оглас -

Најнови вести