26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Јувентус повторно ќе бара од ПСЖ да го пушти Коло Муани на позајмица

Италијанскиот калчолигаш Јувентус подготвува нова понуда до Пари Сен Жермен за францускиот напаѓач Рандал Коло Муани, пренесува „Газета дело спорт“. Според информациите, торинскиот клуб ќе предложи нова позајмица вредна 10 милиони евра со опција за откуп на крајот од сезоната 2025/26.

Коло Муани се приклучи на Јувентус во јануари како позајмен играч и остана дел од тимот за Светското клупско првенство. Сепак, во сегашниот договор нема клаузула за откуп, што значи дека Старата дама мора повторно да преговара со ПСЖ ако сака да го задржи напаѓачот и во иднина.

Во минатата сезона во Серија А, Коло Муани одигра 16 натпревари, постигна осум гола и додаде една асистенција за 1247 минути на теренот.

Планот на Јувентус е да го задржи напаѓачот до јуни 2026 година, а се разгледува и опција за задолжителен откуп под одредени услови. Парижаните, пак, би сакале да вклучат задолжителна клаузула веднаш или поврзана со лесно достижни цели. ПСЖ преферира целосна продажба, особено бидејќи му плати 95 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт за неговите услуги во 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести