Јувентус повторно нешто „мати“ и пак е под истрага од властите во Италија!

Пред 15 години, екипата на Јувентус беше исфрлена во Серија Б поради местење натпревари, поради што му беа одземени титули, но и бодови, а и сега е под истрага на италијанските власти.

Старата дама овојпат не се товари за такво нешто, туку за сомнителни трансфери, барем така пишува весникот од оваа држава „Ла Република“.

Надлежното тело за супервизија на фудбалските клубови „Ковисок“ го истражува работењето на овој тим откако стана јасно дека има голема манипулација во цифрите.

Спорни се дури 42 трансфери, каде што целосната вредност е 90 милиони, а проблемот се јавува бидејќи само три милиони евра вистински проциркулирале, додека тимот забележал профит од неверјатни 40 милиони евра.

А меѓу нив се и трансферите на Артур и Миралем Пјаниќ со минатото раководство на Барселона, коешто исто така правеше вакви слични работи, по што клубот добиваше суспензија на трансфер-пазарот.

 

- Оглас -

Најнови вести