Мауро Икарди го направи вистинскиот потег со трансферот во Пари Сен Жермен, откако Аргентинецот повторно влезе во препознатливата гол форма. Во 19 меча за францускиот првак, Икарди даде 14 погодоци, а челниците на ПСЖ се презадоволни од неговата игра.
Иако парижани сакаат да го осигураат Икарди и за следниот период, пречка може да биде Јувентус. Италијанскиот првак повторно влегува во трка за Икарди. Според „Калчомеркато“, италијанскиот првак сака да го купи Икарди во летниот преоден рок и да биде член на тимот на Торино за следната сезона.
Доколку успее да го доведе Икарди, Јувентус ќе му нанесе удар на Интер, клуб во кој Икарди беше дури и капитен, но си замина откако имаше недоразбирање со челниците на клубот.