32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Јувентус предложил со Лион да играат на Националниот стадион во Малта

Епидемијата на коронавирусот која го зафати северниот дел на Италија, може да придонесе реванш средбата од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Лион да не се игра во Торино. Мечот е закажан за 17 март.

Италијанскиот шампион кој ги загуби првиот меч со 0-1, посакува да игра пред полн стадион, макар и далеку од дома. Се бараат алтернативни решенија, а Бјанконерите оствариле контакт со фудбалскиот сојуз на Малта, и се распрашувале дали постои можност таа средба од ЛШ да се игра на националниот стадион во Та Кали, кој има капацитет од 17.000 седишта.

Од фудбалската федерација на Малта потврдија дека имало контакти, но образложија дека го одбиле барањето на Јуве, бидејќи околу организацијата на средбата треба да се договорат со УЕФА. Италијанските навивали не може да дојдат на Малта, поради одредбите на министерството за здравје на малата островска држава во која има доста Македонци, па така тие нема да имаат прилика да го гледаат Јуве.

- Оглас -

Најнови вести