Јувентус преговара со најдобриот играч на Фиорентина

Јувентус се насочи кон аргентинскиот интернационалец од Фиорентина, Николас Гонзалес, јавуваат италијанските медиуми. „Бјанконерите“ имаат потреба од нов играч на крилните позиции, бидејќи Федерико Киеза не е во плановите на новиот тренер Тијаго Мота и се очекува да биде продаден.

Според информациите, Јувентус предлага да го земе 26-годишниот Аргентинец првично на заем, со обврска за купување по завршувањето на сезоната за сума од 30 милиони евра. Можно е во договорот да биде вклучен и некој од играчите со кои торинскиот гигант сака да се раздели, како Филип Костиќ или Вестон Меккени.

Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат, а Нико Гонзалес не е вклучен во тимот за денешниот пријателски натпревар на Фиорентина против Фрајбург.

Нико Гонзалес минатата сезона беше еден од најдобрите во италијанското првенство, постигнувајќи 16 гола и забележувајќи пет асистенции во 44 натпревари за Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести