Киран Трипие е дефанзивецот на Тотенхем, кој е на мета на Јувентус. Според пишувањата на неколку англиски медиуми, Јувентус сериозно е заинтересиран за англисиот репрезентативец од Тотенхем. Трипие игра константно во стартниот тим и носи сигурност на Тотенхем.
Освен Јувентус, интерес за овој играч покажал и Наполи. Тимот од југот на Италија дури има и понуда. Би дале меѓу 18 и 20 милиони евра за овој играч на Тотенхем. Сепак, со оваа сума не се служуваат челниците на лондонскиот тим. Тотенхем за предвремен раскин на договорот на Трипие, сака да добие 35 милиони евра.
Минатата сезона, дефанзивецот одигра 27 меча во Премиер лигата, а даде и четири гола.