3.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Јувентус сака да донесе голгетер што во минатото играше за најомразениот ривал

Јувентус ќе направи изненадувачки обид да ангажира уште еден нов напаѓач на крајот од трансферниот прозорец, откако се откажаа од опцијата со Рандал Коло Муани, кој ќе остане на позајмица во Тотенхем.

Според италијанските медиуми, торинскиот гигант започнал преговори со Галатасарај за поранешниот голгетер и капитен на нивниот голем ривал, Мауро Икарди, чиј договор истекува на крајот на оваа сезона. Раководството на Старата дама сака да го ангажира 32-годишниот напаѓач веднаш, откако во текот на целиот зимски преоден рок бараат засилување во нападот.


Аргентинецот добил понуда за договор до летото 2027 година со годишна плата од 5 милиони евра, а вечерва се очекуваат и разговори со неговиот клуб. Овој трансфер го побарал тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, кој претходно работеше со Икарди во Интер. Иако тогаш имаа конфликт, тие ги изгладиле односите минатата година.

Икарди е капитен на Галатасарај и водечки стрелец на турскиот шампион во првенството со девет гола во 18 натпревари. Сепак, искусниот фудбалер најчесто влегува како резерва во натпреварите на тимот, кој сепак ќе мора да најде замена за него доколку се согласи на трансфер.

- Оглас -

Најнови вести