Јувентус сериозно размислува за враќање на Антонио Конте на клупата, а ситуацијата добива на интензитет поради сѐ понагласените тензии помеѓу Конте и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
Иако Конте моментално е тренер на Наполи и тимот има одлични резултати, се наоѓа на врвот на табелата во Серија А и е сериозен конкурент за титулата, несогласувањата на релацијата тренер-претседател би можеле да ја отворат вратата за негово заминување.
Конте веќе има славна историја со Јувентус: од 2011 до 2014 година клубот го водеше до три последовни титули и ја постави основата за доминацијата на тимот во следната деценија. Покрај тоа, тој е поранешен капитен на Старата дама и важи за фигура со силна поврзаност со клубот.
Во Торино се подготвува навистина амбициозен проект за враќање на клубот на старата слава по неколку разочарувачки сезони, а Конте се смета за идеален човек за таа мисија. Доколку ситуацијата во Наполи продолжи да се влошува, многумина веруваат дека Конте би можело да ја прифати понудата од Јувентус и да започне ново поглавје со клубот кој му е длабоко во срцето.