Јувентус сака да го задржи Коло Муани, фудбалерот нема ништо против да остане во Торино

Рандал Коло Муани се покажа како вистинско засилување за Јувентус и на првите три натпревари постигна дури пет гола. Тој зимава пристигна како позајмен од ПСЖ до крајот на сезонава за сума од 3,6 милиони евра, иако неговата пазарна вредност во моментов е 30 милиони евра, што сепак е далеку од рекордните 80 милиони евра, колку што вредеше летото 2023 година.

Планот на Старата дама е да се обиде да го позајми на уште една сезона, односно и за следната, но ќе се обиде и комплетно да го откупи неговиот договор со ПСЖ. Коло Муани нема ништо против да го продолжи престојот во Торино, со оглед на тоа дека нема намера да се врати во редовите на Светците поради нарушените односи со тренерот Луис Енрике.

- Оглас -

Најнови вести